Видео: Голден Стејт конечно победи, луда завршница во Феникс!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Неизвесни натпревари и кошеви во последните секунди во НБА лигата ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата. Голден Стејт после два порази им се врати на победите.

Кари одигра меч на високо ниво и со 31 поен го предводеше Голден стејт до победа од 112:105 над Њујорк Никс. Клеј Томпсон беше веднаш зад него со 29 поени. Роуз беше најефикасен кај Њујорк со 28.

Феникс во луда завршија успеа да го победи Бостон 109:106, иако во последните десет секунди Феникс имаше негатива 104:106. Тајлер Јулис со тројка во последните секуди го постави конечниот резултат.

Оклахома влезе во негативна серија, го забележа третиот пораз по ред откако загуби со 104:89 на гостувањето кај Далас. Вестбрук имаше 29 поени, пет асистенции и шест скокови.


Резултати:

Атланта – Индијана 96:97
Њујорк – Голден стејт 105:112
Феникс – Бостон 109:106
Вашингтон – Орландо 115:114
Сакраменто – Јута 109:110
Далас – Оклахома 104:89
ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 97:105