Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Синоќа во НБА лигата беа одиграни три натпревари од првото коло во плејоф разигрувањето во Источната и Западната конференција, а два тима веќе успеаја да да обезбедат пласман во следната рунда.
Актуелниот НБА шампион, Голден Стејт успешно ја мина првата пречка на патот кон одбрана на титулата, откако во петтиот дуел од пресметката со Сан Антонио победи со 99:91.
Најдобар кошаркар во домашната екипа беше Кевин Дурант со 25 поени, шест скока и пет асистенции.
Во четвртфиналето од разигрувањето за титулата, односно во конференциското полуфинале, противник на Голден Стејт ќе биде тимот на Њу Орлеанс.
Место меѓу четирите најдобри екипи во Источната конференција синоќа обезбеди и тимот на Филаделфија, кој славеше над Мајами Хит со 104-91.
Најдобриот играч во целата серија, Бен Симонс, имаше уште еден солиден натпревар и забележа 14 поени, 10 скока и 6 асистенции, додека Џоел Ембиид стигна до 19 поени и 12 скока. Најефикасен кај Сиксерс беше Џеј Џеј Редик, кој постигна 27 поени, од кои 15 дојдоа од зад линијата за три поени.
Во единствениот преостанат натпревар, Бостон Селтикс повторно го преземаа водството во серијата откако триумфираа со 92:87 против Милвоки.