Видео: Гол на Мбапе и рутина за нови три бода!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Француската репрезентација освои нови три бода, откако со 1:0 ја победи репрезентацијата на Перу.

Херој за „триколорите“ беше Килијан Мбапе, кој во 34-та минута го постигна единствениот гол. Притоа стана најмладиот фудбалер кој постигнал гол за Франција на едно големо натпреварување со само 19 години и 6 месеци.

Во вторто полувреме Франција рутински ја чуваше предноста, а Перуанците иако ја имаа топката во свој посед не успеаа сериозно да се заканат по голот на Лорис.

Со оваа победа Франција веќе има 6 бода и е сигурен патник во осминафиналето, додека за Перу нема шанси за нокаут фазата, па последниот натпревар за нив ќе биде само формалност.