Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Аргентина синоќа доживеа нов крах и одигра само 0:0 против Перу на домашен терен, па сега сериозно е доведен во прашање нивниот пласман на Светското пренство.
Мечот го одбележа тешката повреда на Фернандо Гаго во 60-та минута, неполни три минути откако влезе во игра.
После едно лошо додавање Гаго падна на земја и почна да урла од болки и веднаш побара измена. Меѓутоа, веднаш после тоа сам стана и појде до аут линијата за да го прегледаат докторите.
Свесен дека лигаментите му се уништени, Гаго седеше покрај аут линијата и викаше: „Докторе, закрпи ме, сакам да се вратам“.
Прво докторот се обидуваше да го вразуми, но фудбалерот инсистираше да продолжи ризикувајќи ја и својата кариера. На крајот му го преврзаа коленото, влезе на терен, но издржа само две минути по што мораше да биде заменет.