ВИДЕО: Генијалецот Фридман го предвиде Биткоинот пред 20 години!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Еден од најпознатите економски мислители, Нобеловецот Милтон Фридман уште во 1999 година успешно прогнозираше за појавата на е-валути, како што е популарниот Биткоин.

Милтон Фридман
во својата кариера има напишано многу книги, статии, научни трудови, колумни, а исто така, неговата работа вклучува документарни филмови и предавања кои опфаќаат широк спектар на теми од областа макроекономијата, микроекономијата, економската историја, јавната политика и статистиката.

Неговото учење претставува продолжение на учењето на класичната економска школа и се нарекува монетаризам, кое се залага за максимална слобода на пазарот, а мешањето на државата во економскиот живот го квалификува како погрешно и штетно. Фридман влијаел врз развојот и популарноста на либертаријанизмот.

Во видеото, Фридман ја нагласува позитивната улога на интернетот воопшто, како место непосакувано за државните даночни служби, а покрај тоа прогнозира дека ќе се појави е-валута како што е Биткоинот, се разбира нагласувајќи како за позитивните, така и за негативните страни. Погледнете: