Видео: Фудбалер исценира „киднапирање“ среде натпревар!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


55-годишниот италијански фудбалер, Игнацио Барбаљо, познат по играње во нисколигаши, се прости од фубалот така што исценира киднапирање.

На натпревар од регионалната лига во Катанија, хеликоптер слета точно на терен и како на филм излезе маскиран човек со пиштол кој го „киднапираше“.

Поради ваквата шега Барбаљо е суспендиран до крајот на сезоната, што нема да му биде проблем бидејќи престанува со играњето фудбал. Меѓутоа, и неговиот тим нема да може да игра на домашен терен до јуни.