Видео: Филаделфија слави, историска Супербол титула за Иглс


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Филаделфија Иглс стигна до првиот Супербол трофеј откако утрово ја доби пресметката со фаворитот Њу Ингланд Патриотс на ЈуЕс Банк Стадионот во Минеаполис со 41-33.

Ова е прва титула на Филаделфија во Супербол ерата која почна во 1966 година. На Њу Инглад ова им беше 10 финале но не успеаа да ја освојат титулата и да се изедначат по бројот на титули со големите ривали Питсбург Стилерс.

Најкорисниот играч на сезоната Том Брејди од Њу Ингланд имаше шанса да му помогне на својот тим во последните две и пол минути да го избегне поразот, но Филаделфија успешно се одбрани и стигна до историскиот триумф.

Херој за Филаделфија беше Ник Фолс кој стана првиот резервен квотербек кој го освоил Суперболот уште од Том Брејди во 2001 година. Тој во декември го замени повредениот Карсон Венц кој беше стартен квотербек во тимот на Филаделфија. Фолс влезе во историјата и како првиот играч кој асистирал и остварил тачдаун во Супербоулот.

Веднаш после освојувањето на Суперболот стотици илјади луѓе излегоа на улиците на Филаделфија и се славеше до доцна во ноќта.