Видео: Фер-плеј потег на кој му се воодушеви целиот свет!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Капитенот на Галатасарај на екипата до 14 години Бекназ Алмазбеков го воодушеви спортскиот свет со потегот кој го направи на дуелот со врсниците од тимот на Истанбулспор.

Бекназ самиот падна во казнениот простор на противникот, а судијата погреши и покажа пенал.

Иако сите очекуваа дека момчето ќе го искористи пеналот по одлуката на арбитрот и ќе постигне гол, сепак тој намерно промаши и шутираше далеку од голот.

Ваквиот потег веднаш стана хит на социјалните мрежи.