Видео: Федерер му се смееше на Вавринка, а овој му одговори: Ти си голем глупак!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Чудна ситуација беше видена после финалето на Индијан Велс помеѓу Федерер и Вавринка, па иако беа слушнати силни навреди, сепак се помина во пријателски тон.

Вавринка како ретко кога се расплака на бината по поразот и едноставно не можеше да ги сокрие емоциите, а неговиот сонардник му се смееше од страна.

„Извинете, навистина сум многу изморен од оваа недела“,низ солзи порача Вавринка.

„Сакам да му честитам на Роџер кој се смее. Тој е голем глупак, но нема врска. Кога ме победи во Австалија јас и натаму бев твој голем пријател, така ќе биде и сега. Честито за во Австралија и честито за денес“, истакна емотивниот Стен, што предизвика поголема смеа кај Федерер.

Покасно Федерер пред новинарите објасни дека не му се смеел за поразот, туку само се обидувал да го орасположи својот сонародник.