ВИДЕО: Еве зошто не се вози брзо со камп приколка!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На нашите патишта ретко можат да се видат камп приколки, но на запад тие се навистина популарни и чести на автопатите. Затоа, иако многумина во летните месеци ги доживуваат како пречки на патиштата, камперите имаат бројни причини за да возат побавно без нагли маневри.

Видеото доаѓа од американскиот автопат во Вашингтон, каде возач на камион сведочеше на страшната несреќа. Огромен Ford Excursion влечеше огромна камп-приколка, но притоа изгуби контрола и при брзина од 105км/ч излета од патот.

И покрај страшното излетување, возачот и двете деца се само полесно повредени во несреќата.