ВИДЕО: Еве кој гласаше ЗА отпочнување на уставните измени


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Доцна синоќа 80 пратеници во собранието на (се уште) Република Македонија изгласаа отворање на уставот со цел промена на уставното име на Македонија. Гласањето предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи особено ако се знае дека освен пратениците на владејачкото мнозинство, ЗА гласаа и некои пратеници од опозицијата кои експресно беа пуштени на слобода само за да гласаат. Притоа опозициската ВМРО ДПМНЕ обвини дека пратениците биле уценувани и поткупувани, додека владејачката СДСМ ги отфрли ваквите обвинувања.

Сепак, останува фактот дека освен пратениците од владејачкото мнозинство, ЗА гласаа токму оние пратеници кои се најмногу на удар на обвинителството особено за настаните од 27 април. Во прилог поединечното гласање на пратениците за отпочнување на уставните измени:

„За“ гласаа и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во предмети на СЈО и тоа Сашо Василевски, Елизабета Канческа Милевска, Љубен Арнаудов и Крсто Мукоски. Василевски, Арнаудов и Мукоски се обвнети за настаните од 27 април и тие оваа недела беа ослободени од куќен притвор, а Судот им определи мерки на претпазливост. Екс-министерката за култура, пак, е обвинета во предметот „Тендери“.

„За“ гласаа и Владанка Авировиќ, Емилија Алекснадрова, Нола Исмајловска и Заќир Рамчиловиќ.

Фото: Независен