Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пријателски натпревар синоќа одиграа екипите на Наполи и Барселона, а победа оствари шпанскиот тим со резултат 2:1.
Нашиот репрезентативец Елиф Елмас одигра одлични 57 минути и доби комплименти од Карло Анчелоти кога беше заменет.
Првиот погодок на овој натпревар беше виден во 38. минута, кога Бускетс ја донесе Барселона во водство од 1:0.
На изедначување се чекаше само четири минути, а стрелец беше Умтити кој си постигна автогол.
Победата на Барселона ја донесе Иван Ракитиќ со гол во 79. минута. До крајот Наполи немаше сили да го изедначи резултатот.
Извор: Спортски.мк