Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нова страотна несреќа однесе во смрт неколку фудбалери во Уганда откако потонал бродот со кој се превезувале.
Фудбалерите на Кевеибанде и нивните навивачи патувале на пријателски натпревар преку езерото Алберт, кога бродот од претовареност започнал да тоне.
Неофицијално, на бродот немало доволно појаси за спасување, а од вкупно 45 патници само 15 ја преживеале несреќата, деветмина се удавиле, а по останатите трагаат спасувачките екипи.
„Преживеаја само оние кои знаеле да пливаат, сѐ уште немаме официјална верзија за она што се случувало“, изјави полицискиот началник.