Видео: Дибала одби да се ракува со Алегри – тренерот го брани!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус славеа на гостувањето кај Сасуоло, но натпреварот помина во сенка на скандалот кој се случи покрај аут линијата.

Имено, Дибала при излегување од теренот во 78-та минута одби да се ракува со тренерот Алегри. Аргентинецот беше лут на тренерот поради замената.

Она што е уште поинтересно е што самиот Алегри се обиде да го одбрани младиот фудбалер и изјави дека тоа е нормално.

„Тој беше лут, а тоа е нормално затоа што никој не сака да излезе од игра. Имаше добар настап, но тој се уште не е подготвен како Квардадо и Манџукиќ. Повремено на секој може да му се случи да биде лут на тренерот“, изјави Алегри.