Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Астон Вила и Фулам денес со почеток од 18:00 часот го одиграа финалето од плеј-офот за пласман во Премиер лигата.
На крајот до победа успеа да стигне тимот на Фулам, минимална (0:1), но доволна за победа која во наредната сезона ќе им донесе сума од 170 милиони фунти, поради играњето во Премиер лигата и бонусите од ТВ правата.
Фулам и пред натпреварот важеше за фаворит, на крајот и оправда таа улога. Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во првиот дел во 23 минута и беше дело на Каирнеј.
Во вториот дел Астон Вила ја подобри играта, а од 70 минута до крајот играа и со играч повеќе. Втор жолт картон доби Одои.
Сепак и покрај тоа Фулам успеа да ја сочува предноста, па наредната сезона ќе бидат дел од Премиер лигата, додека Џон Тери и Астон Вила ќе мора да играат барем уште една сезона во второто по ранг натпреварување во Англија.