Видео: „Делије“ најавија хаос пред мечот со Косово


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Многу тензии предизвика веста дека женската јуниорска селекција на Косово ќе учествува на ракометен турнир во Србија, а ситуацијата може да ескалира денес, кога ќе се игра натпреварот.

Мечот кој требаше да се игра денес во Крагуевац е преместен во Ковилово, поради избегнување на несакани последици од навивачите, но се чини и ова нема да помогне.

Имено, група на српски навивачи синоќа се собра пред спортскиот центар во Ковилово и изразија протест поради доаѓањето и учествувањето на селекцијата на Косово.

Полицијата не дозволи групата да влезе во салата, но навивачите најавија „хаос“ пред денешниот натпревар.

Организаторот е загрижен дека и покрај сите мерки за безбедност, сепак, ќе дојде до поголем инцидент кој ќе донесе и драстична казна за Србија од ЕХФ.