Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мајами во својата „Американ арена“ славеше против фаворизираниот Хјустон со 109-103 во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата.
Мајами му нанесе изненадувачки пораз на Хјустон, победувајќи го со 109-103. Словенецот Драгиќ со 21 поени беше прво име кај домаќините, а кај „ракетите“ не помогнаа ниту 40 поени на Џејмс Харден. „Брадата“ реализира „трипл-дабл“ (40+12+10), но залудно кога тимот не го следеше.
Во голема драма Далас стигна до победа на теренот на Чикаго со 98-99, а одлучувачките поени беа дело на Барнс.
Голема гостинска победа извојува и тимот на Денвер, кој славеше во „Стејпл центарот“ против Лос Анџелес Лејкерс со 121-127. Србинот Јокиќ со 29 поени беше прва „виолина“ во победничкиот табор.
Резултати:
Бруклин – Торонто 109-119,
Мајами – Хјустон 109-103,
Чикаго – Далас 98-99,
Сан Антонио – Минесота 122-114,
ЛА Лејкерс – Денвер 121-127