Видео: Бостон не запира и без Ирвинг, „брадата“ ја победи Индијана


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бостон и без својата најголема ѕвезда, Кајри Ирвинг со 95:94 го победи Торонто и ја забележа 12. победа по ред.

Играчите на Бред Стивенс совршено се уиграа во системот кој го наметна младиот тренер и успеаја дури и без нивниот најдобар играч да слават победа над еден од најдобрите тимови на Истокот, Торонто Репторс, со резултат 95:94.

Најефикасен кај Селтикси беше Ал Хорфорд со 21 поен, и тој промаши само еден шут од поле на целиот натпревар. Одличен беше и Џејлен Браун, кој имаше 18 поени. Кај Торонто, како по обичај, најдобар поединец беше Демар Дероузен, уфрлувајќи 24 поени.

Од другите натпревари, Хјустон Рокетс без никакви проблеми ги совладаа Пејсерси со резултат од 95:118. И овој паѕ Џејмс Харден беше најефикасен кошаркар кај Хјустон со 26 поени и 15 асистенции.

Резултати:
Бостон – Торонто 95:94
Детроиот – Мајами 112:103
Индијана – Хјустон 95:118
Оклахома – Далас 112:99