Видео: Бостон на чекор од финалето!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кошаркарите на Бостон ја икористија предност на домашниот терен и поведоа со 3-2 во финалето на Источната конференција против Кливленд.

Уште по првиот период, Бостон поведе со 32-19 и изгради разлика со која го трасираше патот до триумфот. Мечот заврши со резултат 96-83 со што селтикс потврдија дека се неприкосновени пред домашната публика каде ја остварија и 10-та победа по ред .

Тејтум со 24 поени доминираше во домашниот тим додека кај гостите Леброн Џејмс забележа 26 поени и 10 скока.