Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бостон супериорно ја отвори финалната серија на Истокот и во првиот натпревар го совлада Кливленд со 108:83.
Селтикси уште во првата четвртина ја најавија победата откако по 12.минути остварија 18 поени предност (36-18), а на полувремето веќе да водат со 26 поени разлика (61-35).
Во вториот дел само рутинирано ја одржуваа предноста за на крајот за остварат победа со конечни 108-83.
Играч на натпреварот е Маркус Морис, кој одигра феноменална одбрана против Леброн Џејмс но и забележа 21 поени и 10 скока. Младиот Џејлен Браун беше најефикасен кај Селтикс, со 23 поени и 8 скока.
Кевин Лав со 17 поени беше најефикасен кај гостите за кои Леброн Џејмс постигна 15 поени.