Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вардар и Шкендија одиграа одлично дерби во Тетово кое заврши без победник со резултат 1:1.
Резултат повеќе и одговара на Шкендија која ја задржи разликата на табелата од 8 бода на стартот на пролетниот дел.
Двата тима создадоа многу шанси, публиката гледаше возбудлив натпрвар, а головите стигнаа во последните дваесетина минути.
Резултатот конечно беше отворен во 78-та минута кога по нафрлување од корнер топката стигна до Грнчаров кој ја смести во мрежата.
Само некколку минути подоцна Ибраими од шеснаесетникот шутираше прецизно и го постави конечниот резултат.