Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во јули минатата година НАСА од вселената снимила огромна санта мраз, со површина од околу 5.800 километри квадратни, која се одвоила од Антарктикот. Тоа сознание им пружило на научниците можност да се запознаат со екосистем, кој опфаќа 6.000 метри квадратни, а скриен е скоро 120.000 години.
Сантата А-68, со големина на островот Бали, која се одвоила од ледената плоча Ларсен Ц на Антарктикот, е една од најголемите забележани во историјата. По одвојувањето, плочата Ларсен Ц се намалила за околу 12 проценти.
На Антарктикот моментално е лето, а А-68 патува кон архипелагот Јужна Џорџија и Јужните Сандвички острови, во јужниот Атлантик. На својот пат овој глечер постепено се распаѓа, па настануваат бројни помали.
Минатата година, на 12-ти ноември, членови на иницијативата на НАСА за снимање на 3D мапи на глечери, летале над А-68 со авион P-3, кој е опремен со најсофистицирани мерни инструменти.
Благодарение на поволните метеоролошки прилики, снимките биле многу јасни.
„Неверојатно е чувството кога со свои очи ќе видите нешто што претходно сте го гледале само на фотографии. До денес глечерот Ларсен Ц го гледав само на сателитски снимки објавени во август 2016-тата година. Антарктикот тогаш привлекуваше внимание поради огромните пукнатини, а на крајот тоа се заврши со одвојување на огромен глечер”, напишала Кетрин Хансен.
„Повеќето глечери кои сум ги видела изгледаа релативно мали и компактни. Меѓутоа, тоа не важи и за овој. А-68 е толку голем што и натаму изгледа како да е дел од ледена плоча”, додаде таа.
Благодарение на фотографиите и снимките направени со помош на гравиметар, кој ја мери количината на водата под глечерите, научниците имаат прилично јасна претстава за клучните својства на А-68, кои ќе им помогнат да го следат неговото движење, како и процесите низ кои минува.