Видео: 60 години потоа – светот се сеќава на „бебињата на Басби“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Леонардо Бонучи е една од најхрабрите личности во италијанскиот фудбал. Кариерата ја започна во Интер, стана најдобар дефанзивец во Европа во Јувентус, па се реши кариерата да ја заврши како капитен на Милан.

Бонучи во интервју за „Vanity Fair“ за прв пат проговори за тешките денови кога неговиот син се соочи со тешка болест.

„Пред влегувањето во операционата сала, ме погледна и ми даде урлик како лав. Тоа ми е највпечатливо сеќавање на тие тешки денови, таа слика нема да ја забоварам никогаш. Матео секогаш ќе биде мојот лав. И покрај тешката ситуација собра сила да ми даде урлик на лав“, објаснува Бонучи.

„После завршувањето на Европското првенство цело семејство бевме заедно, а Матео едно утро се разбуди и почна да се однесува чудно. Појдовме во болница, не знаејќи за што станува збор, а од таму излеговме после 25 дена“, додаде дефанзивецот и опиша како му било во тие моменти.

„Тогаш листата на приоритети комплетно ви се менува. На некои работи гледате од поинкава перспектива. Доброто е што од таа епизода изглеговме посилни и што уште повеќе се зближивме како семејство“, заклучи Бонучи.