Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Синоќа се играше парагвајското „Ел Класико“ помеѓу големите ривали Церо Портено и Олимпија, а мечот го реши 14-годишно дете.
Фернандо Овелар минатата седмица дебитираше за сениорскиот тим на Церо Портено, а овој викенд го постигна и својот прв погодок и стана најмладиот стрелец во историјата со само 14 години.
Овелар во 16-та минута одлично и избега на одбраната на Олимпија, а потоа ја смести топката во противничката мрежа.
https://youtu.be/tVGv66fMsU0
Натпреварот на крајот заврши без победник (2:2), но резултатот остана во сенка на големото достигнување на 14-годишниот фудбалер.