Видал на продажба – Баерн ја одреди цената


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Раководството на Баерн Минхен донесе одлука ова лето да го продаде Артуро Видал, пренесуваат германските медиуми.

На Видал му истекува договорот со Баерн следната година, па ова е последната можност Баварците да заработат на неговата продажба.

Наводно германскиот клуб за слободата на 31-годишниот играч за врска бара 50 милиони евра, а познато е каде би можел Чилеанецот да ја продолжи кариерата.

Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за Видал, исто како и Челзи, но „сините“ немаат шанси бидејќи нема да играат следната сезона во Лигата на шампиони.

Видал исто така би можел од следната сезона повторно да се врати во Серија А, бидејќи за неговите услуги интерес покажува милански Интер.