Виц: Женачка или војска


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Зоран и Горан биле пријатели. Горан завршил факултет, се оженил, имал деца, станал државен службеник. Зоран пак си останал ерген и бил обичен работник. Избувнала војна и сите кои биле ергени, добиле покана да се постапат во армијата. Зоран отишол за совет кај својот пријател, да го праша што е подобро, дали да оди војска или да се ожени?
Пази сега, рекол Горан.
Ако се ожениш, работата е јасна, но ако одиш војска, има две можности: или да се вратиш жив, или да те убијат. Ако се вратиш жив, работата е јасна, но ако те убијат, има две можности: или да те закопаат, или да те кремираат. Ако те закопаат, работата е јасна, но ако тие кремираат, има две можности: да ти ја фрлат пепелта или над морето, или над земјата. Ако ти ја фрлат над морето, работата е јасна, но ако ја растурат над земјата, има две можности. Пепелта да ти летне на тревата или на дрвјата. Ако отиде на тревата, работата е јасна, но ако отиде на некое дрво, има две можности: дрвото да го исечат или за огрев или за хартија. Ако го искористат за огрев, работата е јасна, но ако од него направат хартија, има две можности: од тебе да направат или весник, или тоалетна хартија. Ако хартијата е за весник, работата е јасна, но ако е тоалет хартија, има две можности: со тебе да се избрише или маж или жена. Ако се избрише маж, работата е јасна, но ако се избрише жена – е тоа ти е исто како да си се оженил!