Виц: Лутата наставничка испрашува


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Наставничката лута ги испрашува децата во одделението:
Петар!
Што?
Ќе ти кажам јас тебе што! Ѓавол да те земе! Стани кога зборуваш со наставничката! Колку е 2 и 2?
5.
Идиот! Нема да биде од тебе инженер! Единица! Седи!
Драган!
Што?
Ќе ти кажам јас тебе што! Ѓавол да те земе! Стани кога зборуваш со наставничката! Колку е 2 и 2?
Пааа, 3.
Идиот! Нема да биде од тебе инженер! Единица! Седи!
Зоки!
Да, госпоѓо?
Колку е 2 и 2?
4.
Браво! Ќе биде од тебе инженер!
Госпоѓо! продолжува Зоки.
Што?
Ќе ти кажам јас тебе што! Ѓавол да те земе! Стани кога зборуваш со инженер!