Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Урбаната мафија не мирува во Охрид и ја искористи ситуацијата со рестриктивните мерки заради коронавирусот за да „ровари“ на охридските плажи. Фотографиите се направени, како што пишува на Твитер објавата, на плажа кај Градиште. Значи не е до тоа која партија е на власт, туку до урбаната бескрупулозна мафија е, партиите и политичарите одамна знаеме дека се лесни за корумпирање.
Ова е Градиште една од најубавите плажи во Охрид.
Урбаната мафија од власта користи ситуација. pic.twitter.com/DHdiIuqVEO— Митков (@_Mitkov_) May 17, 2020
Иако не се наведува кога се направени, фотографиите се автентични и актуелни, а потврда стигна и од градоначалникот на Општина Охрид. Тој во објава, исто така на Фејсбук, напиша дека градежните дејствија се одвиваат незаконски. Тоа било констатирано од општинската градежна инспекција уште пред речиси два месеца, а на изведувачот му е даден рок да ја отстрани дивоградбата, пренесува ОхридЊуз.
„Чувствувам обврска, поради денешните бројни реакции кои лично од граѓаните и преку медиумите пристигнаа за изградбата на ѕид во непосредна близина на Охридското Езеро во авто – кампот Градиште, да Ве информирам дека инспекциските служби на општина Охрид, на 24.03.2020 година, извршија увид и составија записник.
Согласно законските процедури донесено е решение за отстранување со кое на изведувачот му се дава законскиот рок сам да го отстрани, а доколку тоа не го направи во предвидениот рок, општина Охрид ќе го отстрани на сметка на изведувачот.
Ве уверувам дека никој од Локалната самоуправа, а ниту јас лично сме издале или имаме намера да издадеме одобрение за изградба на објекти кои директно влијаат врз загадувањето на Охридското Езеро, или го нарушуваат светското природно и културно наследство“ – напиша Георгиески.