Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Своевремено, кога беше во зенитот на нејзината светска музичка кариера и слава, со ќеф диктираше раскошна мода и без проблем ги покажуваше своите жешки облини, благодарение на кои го носеше епитетот секс-бомба. Денес ужива во спокојниот семеен живот со свршеникот Метју Рутлер.
39-годишната Кристина Агилера неодамна се повлече од јавноста и му се посвети на семејството и семејните обврски.
Иако, за холивудските критериуми, таа има прекумерна тежина, талентирана пејачка со раскошен глас, не се грижи за коментарите и ужива во нејзините килограми.
Деновиве беше фотографирана додека таа и нејзиниот партнер доаѓаат на училиште за да ја земат нивната ќерка.Со коса собрана во обична пунџа и скоро без никаква шминка, ѕвездата која најмногу ја паметиме од провокативното видео на Дирси, тешко дека некој ќе ја препознае.
Кристина ја доби ќерката Самер Реин во 2014 година со нејзиниот свршеник Метју Рутлер, а од последниот брак го има синот Макс (11). Парот се заедно десетина години, а Метју е музичар и филмски продуцент.
Пред него, Кристина немаше премногу среќа во љубовта. Првото сериозно момче, танчарот Хорхе Сантос, по раскинувањето откри дека е геј , а потоа се разведе од сопругот Џордан Братман по пет години брак.
Тогаш се зборуваше дека двојката имала отворен брак, но на Џордан му било премногу што неговата сопруга носела дома други жени за забава.