Вежби со истегнување за прекрасно „фит“ тело


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Да се одржува здраво и фит тело е огромен предизвик. Потребно е постојано да се внимава на исхраната, да се практикуваат низа здрави навики, и секако, да се биде физички активен. Но додека тежинските тренинзи знаат да бидат исцрпувачки, и атмосферата во теретаните често непријатна за многу луѓе, постојат и останати вежби кои можат редовно да се практикуваат.

Кардио програмите постигнаа огромен успех изминатите неколку години, но со појавата на дигитални фитнес платформи, како и поголем број на дигитални фитнес продукти, Јогата, полека но сигурно зазема простор.

За многумина од нас, споменувањето на јога вежбите во контекст на слабеење и фитнес, е безмалку смешно. Но сосема очекувано – особено кај оние кои никогаш не практикувале вакви вежби. Верувале или не, долгите сесиите кои траат од 45 минути па се до еден час, можат да ви помогнат да изгубите навистина многу калории, притоа зацврстувајќи ги и мускулите.

Помешајте ги јога позициите, во едно пријатно течение со кардио и пилатес вежби, и вашето тело навистина ќе се трансформира, а вие ќе уживате во процесот.

Одличен пример за тоа колку Јога вежбите можат да бидат ефикасни

Една од најпознатите комании за фитнес програми, Beachbody, стои зад мега-популарните изданија како што се Insanity и P90X. Ќе се изненадите, меѓутоа, која е следната вежба која рангира веднаш зад овие две по својата популарност.  Со стотици илјади продадени копии, станува збор за PIYO.

Тоа е фитнес програм каде умешно се споени јога позиции, со разни пилатес вежби, и истите наизменично се менуваат. Една долга рецензија говори токму за ефикасноста на овој пристап (погледнете го PIYO review) а “пред и потоа” сликите низ интернетот го потврдуваат истото.

И ова е сосема логично. Погледнете ги само танчерите, на класична и современа музика, чии тела изгледаат цврсто, фит, и здраво. Нивните движења се агилни, флексибилноста на едно далеку повисоко ниво од просекот…

Многу од ова се должи на вежбите со истегнување и баланс, каде се работи на опсегот на движење, и контрола на одредени делови од телото. Сето тоа води кон зацврстување на мускулната маса, со помош на својата телесна тежина.

А што со кардио тренингот?

Споредено со класичниот кардио тренинг, овие вежби се далеку поефикасни. Едноставно, наместо да се работи само на анаеробната способност, овде се активираат и доста мускулни групи.

Споредено пак со популарните вежби со сопствена тежина, вежбите со истегнување и баланс бараат поголема дисциплина, и внимавање на опсегот на движење. Ова помага секој потег да се извршува правилно, наместо само да се помине набрзина низ целата сесија.

PIYO е одличен пример како пак истите можат лесно да се комбинираат.

Не е случајност што многу часови по фитнес значително повеќе ги вклучуваат ваквите вежби, пред и после секоја сесија.

Ваквите вежби се одлични за почеток

Најпрвин да разграничиме за што станува збор – додека постојат различни видови на Јога, ние овде говориме за вежби со истегнување и баланс кои случајно се поклопуваат со јога позициите. Па така, при ваквиот тип на тренинг, се работи со конкретна цел, без притоа да се внимава на оригинални, изворни јога позиции. Флексибилноста, контролата, и силата се на прво место.

Скоро секоја фитнес платформа, како Daily Burn, Freeletics, и останати, вклучуваат вакви вежби барем еднаш во неделата. Често се случува истите да бидат насловени и како “функционален одмор”. Ова се должи на фактот што ваквите вежби изгледаат полесно од класичните скокања наоколу, и знаат да делуваат терапевтски врз телото и мускулната маса.

Најдоброто нешто кај овие движења е што ризикот од повреда скоро и да не постои. Зглобовите, колената, грбот… наместо да стравувате дека ќе настане повреда, овие вежби допринесуваат за нивно зацврстување како и поголема флексибилност.

Координација и агилност

Кога нешто го вежбате полека, контролата врз секој мускул од телото се зголемува. Па така, штом се јави можност да уживате во некаков спорт или физичка активност, вашата координација, и агилност се навистина подобрени.

Ова се должи и на опсегот на движења, кој при вакви тренинзи е значително поголем. Балансот е исто така важен, бидејќи учите како да го контролирате и најмалото движење на телото.

Уживање во моментот – помалку стрес

За разлика од останатите вежби кои се навистина тешки, и не ви дозволуваат да се фокусирате врз секоја мала промена, овде уживате во моментот. Присутни сте, со секое движење, со секој здив.

Кога човек е фокусиран врз своето тело, и за момент го чувствува секое негово движење, стресот е заменет со релаксација и смиреност. Ова е тешко да се постигне додека кревате тежини, или при спортски тренинзи. Особено за почетници.

Вежбите со истегнување и баланс се еден вид на телесна медитација.

Како да почнете?

На самиот старт, доволно е да се погледнат неколку видеа на ЈуТјуб, за да се долови идејата што всушност овие вежби претставуваат. Имајте во предвид, меѓутоа, дека секое движење изгледа полесно отколку што навистина е.

Ако веќе практикувате други вежби, обидете се да вметнете низа вежби со истегнување пред и после завршувањето на секоја сесија. Ќе изгубите повеќе калории, ќе се заштитите од повреда, и ќе допринесете кон поголема контрола врз секое движење.

Овие вежби се одлични за загревање и подготовка за секаков тип на тренинг. Добро би било, меѓутоа, да одвоите и еден до два дена во неделата каде ќе вежбате само со ваков тип на вежби. За оние на кои не им се брза, можат да практикуваат само ваков тип на вежби и сепак да изгубат навистина многу килограми.

Дишете длабоко при држење на секоја позиција, и движете се полека од една во друга, тонејќи подлабоко во секое истегнување со секој нареден здив.

За почеток, погледнете ги јога и релакс видеата од Фитнес Блендер на ЈуТјуб, каде има многу вежби со истегнување и баланс. Ќе забележите дека истите се умешно помешани со пилатес и течни движења, за поголема ефикасност.

Можете исто така, да го погледнете и програмот PIYO, кој освен во физичко пакување е достапен и на дигиталната платформа на Beachbody (Beachbody on Demand).

Кој вели дека тежините или пак трчањето се неопходни за слабеење?

Ваквите вежби ќе ви помогнат да симнете килограми, и да го зацврстите телото без притоа да се мачите со напорни тежински тренинзи или пак “скокање наоколу”. Дополнително, истите ќе ве подготват подобро за справување со било каков фитнес предизвик во иднина, зголемувајќи ја контролата врз секој дел од вашето тело.

Автор: Славко Дешиќ

1 COMMENT

Comments are closed.