Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Сите го знаеме чувството на грижа на совест кога ќе прескокнеме неколку дена вежбање во теретана, фитнес или аеробик, но што се случува со нашето тело кога ќе прекинеме да вежбаме еден месец (или повеќе), и дали промените се драстични колку што ни изгледаат во глава? Еве што велат докторите.
1) Срцето чука малку поразлично
По 4 дена без никаква аеробна активност, срцето станува помалку ефективно, па така при наредната активност може да се појави недостаток на воздух. За да тоа се избегне, и доколку не тренирате, гледајте да внесете повеќе активност во секојдневните обврски – користете скали наместо лифт, почесто чистете го домот, и пешачите што повеќе.
2) Мускулите стануваат помрзливи
Мускулните клетки генерално ја зачувуваат силината 7 до 14 дена, по што веќе почнува да се губи прогресот кој дотогаш е направен. Меѓутоа, тоа не треба премногу да ве секира, бидејќи просечниот човек одржува релативно константна количина на сила и покрај неактивност од 4 недели, па така кога повторно ќе почнете да вежбате, дефинитивно нема да мора да почнете „од нула“ – и покрај тоа што, сосема нормално, некои тежини кои пред паузата без проблем сте ги кревале, ќе ви делуваат значително потешко во почетокот.
3) Вештините на кои најмногу сте работеле исчезнуваат
Непишано правило е дека фитнес активностите кои побаруваат најмногу напор за да се усовршат и одржат, се првите кои исчезнуваат кога се прави поголема пауза од вежбањето, и вообичаено веќе по 30 дена овие разлики почнуваат да се забележуваат. Колку поголема пауза правите, толку потешко ќе се вратите во старата форма.
4) Мотивацијата почнува да бледнее
Иако на телото во почеток можеби и нема да се забележат драстични промени од недостатокот на вежбање, тоа дефинитивно ќе влијае на мотивацијата, која ќе биде потешко да се поврати по долга пауза. Затоа, кога повторно ќе се вратите на вежбањето, почнете со 70% од она што сте го правеле пред паузата, во однос на времето и интензитетот. За зголемување на мотивацијата може да влијае вметнувањето на некоја нова вежба која претходно воопшто и не сте ја правеле – иако најверојатно мускулите значително повеќе ќе ве болат, на телото нема да му треба повеќе од 2 недели за повторно да се адаптира на целиот тој физички напор.
5) Телото ќе посакува некој вид на движење
Доколку паузата од вежбање е неизбежна (зголемени обврски на работа или во семејството, здравствени проблеми и сл.), тоа не значи дека ќе треба комплетно да се „улежите“ – доволно ќе биде да го намалите распоредот и времетраењето на тренинзите за две третини, и наместо вообичаената програма да вметнете HIIT (интервални тренинзи со висок интензитет). На тој начин нема да почувствувате преголем пад во вашиот максимален VO2 (количина на кислород која на телото му е потребна да изврши некоја функција), што значи дека кога ќе се вратите на редовните тренинзи телото ќе биде сосема спремно за нив и лесно ќе се прилагоди на стариот интензитет и време поминато во вежбање.