Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сакате да ослабете до Нова година или Божик без премногу мака? Имаме решение за вас…
Сакате да го облечете вашето омилено парче облека, омилениот тесен фустан за новогодишната вечер, за прославата која следува за Божик или едноставно сакате да го подобрите вашиот изглед? Можете во тоа да успеет лесно и едноставно, со помош на класичните вежби. Доволно е само да вежбате само 15 минути на ден и ќе успеете во вашиот план.
Оделете си за себе барем 15 минути и не барајте изговори. Ова не е многу време и сме сигурни дека можете барем толку да најдете за себе и вашето здравје. При тоа, не мора да давате многу пари на скапи фитнеси, тренинзи и опрема – сè можете да правите и дома.
Како се вика овој тренинг?
Името на овој начин на тренинг е 30-1 и вклучува вежби со висок интензитет, ги вежба мускулите на целото тело и ви одзема само 15 минути од вашиот временски план.
Како се прави?
Потребно е да направите по 30 повторувања на клучните вежби – чучење, стомачни, лежање на под (бурпис), склекови и трицепс-спуштања. Меѓу секоја вежба се прави пауза од минута и тоа е тоа!
Зошто е ефикасен?
Физички, затоа што максимално го подига пулсот, притоа фокусирајќи се на мускулите на јадрото и ја зајакнува силата на целото тело. Ментално е ефикасен бидејќи ви создава чиста цел со одмори (знаете колку треба да направите и ова ви го олеснува секој тренинг). При сè тоа, можете да го завршите било кога и било каде – на патување, дома, надвор, кај пријатели, додека гледате омилената серија.
Затоа ништо не може да ве спречи да го постигнете она што до сега не сте можеле!
Среќно!