Вежба која сигурно ќе го затегне стомакот, нозете и задникот

стомакот, нозете и задникот

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Доволни се сва до три сета со 10 – 12 повторувања со секоја нога, и ќе осетите како мускулите на стомакот, нозете и задникот ќе бидат „воспалени“.

Ова е одлично движење, кое активира многу мускулни групи, како стомачните, листовите, задникот и во секој сличај ќе се чувствувате затегнато. Одлично е што оваа вежба нема да ви одземе многу од слободното време. Доволни се неколку повторувања, а резултатите нема да изостануваат.

Се работи за вежба која е варијација на чучњеви, името на вежбата е „Pistol Squat“, и се изведува на една нога.

Од опрема се што ќе ви биде потребно е една клупа или столица. За почетниците подобро е кога подлогата е цврста и стабилна, за понапредните може да се користи и друга подлога и да се експериментира.

Изведување на вежбата која ќе направи „магија“ на стомакот, нозете и задникот

Со левата нога застанете на одбраната платформа, рацете испружете ги во висина на рамената, и полека спуштајте се во чучњев- позиција, но на една нога. Откако ќе ја постигнете посакуваната „длабочина“ на чуњевите, задржете 2 секунди и повторно вратете се во првобитна положба.