Ветеринарите ни откриваат зошто некои кучиња го јадат својот измет


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Општо е познато дека некои кучиња својот измет го гледаат како деликатес. Но, причината за тоа до сега беше непозната.

Пребарувањето по интернет за ова изнесуваше многу разни одговори како пол, старост, исхрана и слично. Ветеринарите сепак ни даваат малку поконкретен одговор на ова прашање. Според нив, причина би можело да биде „алчноста“ на кучето.

Причината се крие во минатото

Научниците испитале повеќе од 3.000 сопственици на кучиња за да дознаат зошто кучињата имаат таква одвратна навика. Дури 62% од испитаниците рекле дека нивните миленичиња секојдневно јадат измет. Додека останатите 38% си затекнуваат еднаш неделно.

Научниците велат дека нивните прехрамбени навики може да потекнуваат од тоа што душкаат смрдливи работи. Индикатор може да биде нивната потреба за храна. Меѓутоа, сето тоа има историкска основа. Студиите покажуваат дека кучињата скитници обожаваат да копаат низ ѓубрето во потрага по храна. А таквото однесување им е запишано во гените, смета професорот Џејмс Серпел.

Јадат само свеж измет

Научниците исто така откриваат дека кучињата нема да го изедат изметот кој е постар од два дена. Повторно се работи за минатото. Кога стар или повреден волк ќе изврши нужда на подрачје каде што живеат други волци, тој би го изел својот измет со цел да го исчисти местото.

Тие веруваат дека тој инстикт им е останат на кучињата до денес, пишува Дејли Мејл.