Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ: Оставка на Груевски и вонреден конгрес на партијата (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои се и основачите и првото раководство на партијата, по завршувањето на денешниот состанок, побараа претседателот на партијата, Никола Груевски, да си даде оставка и да се формира тело што ќе спроведе вонреден конгрес за избор на нов лидер, со нови раководни органи.

Како што изјави Илија Димовски – Шаторот, првиот градоначалник на Прилеп и еден од најстарите членови на партијата, ветераните донеле пет заклучоци, кои ќе бидат доставени до раководството на партијата. Меѓу тие заклучоци, како што рече тој, е и дека одлуките на ова раковство не се валидни затоа што против повеќето од нив се водат судски постапки.

„Против голем дел од членовите на сегашното раководство се водат повеќе истражни и судски постапки и затоа сметаме дека ова раководство не е во состојба да носи одлуки што се од интерес на партијата и државата. Тие за нас нема да претствауваат валидни акти“, рече Димовски.

Инаку, инфилтрирана група луѓе им пријде на медиумите и рече дека не се согласува со мнозинството ветерани на состанокот. Еден од нив беше Тане Марковски од Охрид, кој по завршувањето на состанокот се претстави дека е против овој собир и дека дошол да каже дека го поддржува Груевски.

„Ние сме меѓу првите луѓе што се боревме и ги издржавме шибањата на СДСМ и затоа сега нема да дозволиме никој да не разубеди дека ова не е нивно масло. Не се согласувам со заклучоците изнесени овде и го поддржувам Груевски за лидер“, рече Марковски.

Ветераните бараат и поголемо учество и вклучување во органиите на партијата преку формирање унија на ветерани. Тие, всушност, побараа да се укине досегашниот Совет на ветерените, кој бил формиран со консензус на ветераните и целосно бил дискринминиран и маргинализиран од оваа раководство.

Инаку, како членови ветерани на ВМРО-ДПМНЕ се регистрирани околу 40.000.

Извор: Макфакс