Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Проектот Северен поток 2, кој треба да обезбеди руски гас за Германија и оди по дното на Балтичкото Море, не е од заеднички интерес за ЕУ, изјави еврокомесарот за конкуренција Маргарет Вестагер, пренесува Reuters.
Вестагер потсетила дека позицијата на Еврокомисијата околку проектот е дека не им служи на напорите на ЕУ да се реформира енергетскиот пазар во заедницата и да се намали зависноста од рускиот гас. Агенцијата потсетува дека засега ЕУ ги издржа обидите на некои национални влади да се спротивстават на заклучокот, иако проектот во спротивност со законите кои дејствуваат на територијата на ЕУ.
Пред една седмица германскиот регулатор отстрани уште една од пречките за проектот и пресуди дека т.н. Трет енергетски пакет, кој го регулира внатрешниот ЕУ пазар во секторот, не се однесува на гасоводот, кој ќе ги поврзува Русија и Германија. Причината за ова е дека проектот се смета за продолжување на Северен поток, кој пак е изграден пред да влезат во сила правилата на Третиот енергетски пакет.
Во меѓувреме рускиот печат соопшти дека Газпром одлучи да го зголеми капиталот на филијалата Nord Stream 2 за 1.4 милијарди евра. Тоа е проектантска компанија за продолжување на Северен поток.
Весникот Комерсант наведува дека рускиот гигант планира годинава да инвестира околу 1,8 милијарди евра за гасоводот, што е околу два пати повеќе од првично предвидените. Причината за тоа, според толкувањето на изданието е дека Газпром нема да смета на учеството на други европски компании во проектот.