Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Лионел Меси е се поблиску до продолжување на договорот со Барселона и повторно ќе го помине според платата својот голем ривал Кристиано Роналдо.
„Марка“ денес објави дека Аргентинецот се согласил да остане на „Камп Ноу“ дополнителни три години, односно до 2021 година до кога ќе заработува по 35 милиони евра по сезона.
Тоа ќе го направи убедливо најплатен фудбалер во Европа, а пред него ќе биде само Карлос Тевез кој во Шангај Шенхуа заработува по 37,5 милиони евра годишно.
Сепак, освен паричниот договор, Меси сака да види кој ќе биде новиот тренер на Барса и со кои играчи ќе располага клубот за следната сезона.
Со тоа ќе се стави крај на шпекулациите дека Меси би можел да ја напушти Барселона и да се пресели во некој од клубовите кои се спремни да ја активираат откупната клаузула.