Вест Хем ја договори ѕвездата на Лацио


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Лацио и Вест Хем го договориле трансферот на Филипе Андерсон.

Двата клуба веќе неколку дена беа во интензивни преговори, а „Скај Италија“ пренесува дека договорот конечно е постигнат и трансферот треба да се комплетира денес.

Лацио бараше 50 милиони евра за Филипе Андерсон, сума која беше премногу висока за Вест Хем. Сепак, двата клуба најдоа компромисно решение, па „чеканите“ за Бразилецот ќе платат 30 милиони евра, а Лацио ќе добие 20% од следниот трансфер.

Се очекува денес спортскиот директор на Лацио, Игли Таре да отпатува за Лондон за да биде комплетиран трансферот.