Веспрем го спрема најскапиот трансфер во историјата на ракометот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Унгарскиот ракометен гигант Веспрем подготвува рекорден трансфер, што за ракометот ќе биде пандан на трансферот на Нејмар, кој од Барселона во ПСЖ се пресели за 222 милиони евра.

Во ракометот се вртат помали пари, ретко кој од трансферите ја пробил границата од милион евра (рекорд е трансферот на Никола Карабатиќ од Барселона во ПСЖ за 1,8 милиони евра), но сега Веспрем е подготвен да ја надмине таа граница.

Челниците на шампионот на Унгарија на Кил му нудат 2,6 милиони евра за Андреас Волф, а во исто време на голманот годишна плата од 700.000 евра, со што би станал најплатениот ракометар во светот (Никола Карабатиќ заработува 500.000 евра по сезона).

Андреас Волф има 26 години, во Кил е од 2016 година кога меѓу „зебрите“ пристигна од редовите на Вецлар, но не е задоволен од својот статус бидејќи предност на голот најчесто добива Данецот Николај Ландин Јакобсен.

Волф беше најдобриот голман на последното Европско првенство во Полска, кога Германија ја освои титулата.

Веспрем во новата сезона влегува со нов тренер, Љубомир Врашеш, кој смета дека му треба врвен голман за клубот конечно да ја освои Лигата на шампионите. Веспрем досега трипати губел во завршниот меч (2002, 2015, 2016).

Доколку трансферот биде реализиран тоа значи дека клубот ќе мора да го напушти еден од двајцата голмани Хрватот Мирко Алиловиќ или Унгарецот Роланд Миклер.