Весли Кларк, бившиот НАТО командант кој ја нападна Југославија, вели: НАТО да влезе во Украина и да ја запре Русија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Поранешниот командант на силите на Алијансата во Европа, Весли Кларк, вели дека руската инвазија на Украина нема да биде сопрена без интервенција на НАТО.

Кларк се обрати на дебатата организирана од Атланскиот совет, каде посочи дека западните лидери би требало да се присетат на војната во Босна и Херцеговина, каде интервенцијата на НАТО ја прекина војната.

Тој истакна дека Русија има преголема воена предност, а западното оружје тешко пристигнува до украинските сили.

– Бидејќи не можеме да испорачуваме, а не можеме да го толерираме поразот на Украина од Русија, гледајќи го односот на силите и губитоците и фактот дека нема да испорачуваме авиони и ПВО, тогаш за што всушност преговараме – запраша Кларк.

Тој потсети дека оваа ситуација може да се спореди со војните во некогашна Југославија.

– Дури откако Милошевиќ стана свесен дека дојде крајот на тоа што може да се постигне на воен план, тој почна да бара дипломатско решение. Мисла дека мораме да мислиме на незамисливото. Да се вратиме на лекциите што ги научивме. Ајде тоа да го објавиме, ајде да влеземе таму и да кажеме дека Русија треба да застане и да ја запреме. Не можеме да ја запреме Русија без интервенција на НАТО – порача пензионираниот генерал на американската војска.

Весли Кларк командуваше со воената интервенција на НАТО против СР Југославија во 1999 година.