Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Вештачката интелигенција (АI) прави попрецизно дијагностицирање на карцином на дојка од лекарите при читањето на мамограми, пренесува списанието „Nature“.
Меѓународен тим, вклучително и научници од Империал колеџ од Лондон и Google Health, дизајнираа и направија компјутерски модел на ренген слики на скоро 29.000 жени.
Се испостави дека алгоритмот бил поуспешен во читањето мамограми отколку шестмина лекари, а бил речиси исто толку добар во споредба со двајца лекари кои заедно ги читале снимките.
Но, за разлика од луѓето, АI е немилосрдна, а експертите веруваат дека можат уште повеќе да го подобрат.
Во моментов, британскиот здравствен систем користи два радиолога за да ги прочитаат снимките на секоја жена, а во ретки случаи, кога нивните мислења се разликуваат, се повикува трет доктор.
Во студијата, АI користела необележани снимки за да не се открие идентитетот на пациентите и за разлика од лекарите, немала увид во медицинската историја на секоја жена. И покрај ова, АI бил исто толку добар како двајца доктори заедно, и подобар во читање мамограми од кој било доктор.
За обука на радиолозите се потребни десет години школување. Читањето мамограф е клучна во дијагностицирањето рак на дојки и одзема многу време. Во моментов, во Британија има недостиг на илјадници радиолози.
Доминик Кинг, кој работи за Google Health, рече дека е многу горд на резултатите од истражувањето и дека тие се на добар пат да развијат технологија што ќе им помогне на клиничарите да препознаат рак на дојките со поголема прецизност.