Вештачка интелигенција знае кога ќе умрете: Шокантно прецизен систем ја предвидува смртта


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Со прецизното одредување кои пациенти и кога ќе починат, може нивните последни денови да ги направи поквалитетни.

Научниците од Стенфорд развија вештачка интелигенција која може да предвиди кога некој пациент ќе почине со прецизност од 90 насто. Додека ова на прв поглед делува и повеќе од бизарно, развојниот тим тврди дека нивната творба може значително да ги подобри грижата и односот за и кон пациентите во нивните последни денови.

Квалитетна палијативна нега

Со прецизното одредување кога смртно болните пациенти би требало да починат, нивинте желби можат да се селектираат по приоритет и да се обезбеди извршување на важни разговори пред да биде предоцна.

Во оваа студија научниците од Универзитетот Стенфорд објаснуваат дека постои огромна разлика помеѓу начините на кои пациентите сакаат да го проживеат остатокот од животот и начинот на кој тоа реално се случува. Истражувањето, исто така, покажа дека околу 80 насто од Американците сакаат да ги поминат своите последни денови во сопствениот дом, но до 60 насто на крајот починуваат во болница.

За да се намали оваа диспропорција, начниците истренирале длабока невронска мрежа на податоци од Електронскиот научен архив во стенфордската болница и детската болница Лусил Пакард, со податоци од околу два милиони пациенти.

„Успеавме да изградиме предвидлив модел со користење на собраните податоци. Самото количество на податоци ни овозможи создавање на модел за предвидување на смртноста врз база на сите примероци, наместо да се работи за модел за специфична болест или демографска група“.

Причината за пружање на палијативна нега останува непозната

Не е секогаш јасно кому и кога му е потребна палијативна нега. „Критериумите за одредување на кои пациенти би им користела палијативна нега понекогаш може да бидеат тешки за експлицитно објаснување“, велат авторите на студијата.

„Нашиот пристап користи длабоко учење за да ги прегледа пациентите примени во болницата и да ги идентификува оние на кои ваков вид на нега најверојатно ќе им биде потребна. Алгоритамот ја предвидува смртноста на секој пациент во период од 12 месеци, па тоа предвидување го користи за да му даде препорака за палијативна нега“.

Иако самиот процес може да биде корисен, постои уште еден предизвик. Поради природата на алгоритмот, научниците не можат да знаат на што точно истиот ги темели своите предвидувања. Но, во овој вид на примена, велат дека знаењето зошто е донесено конкретно предвидување не е нужно важен.

„Примената на палијативна нега не е поврзана со причината зошто некој се разболел“, вели Кенет Јанг. „Ова се разликува од хипотетичките случаи ’некој умира и ние сега треба да го одбереме најдобриот третман‘, при што сакаме да знаеме што ги предизвикува симптомите. Но, во оваа ситуација, тоа не е толку важно додека правиме сè како што треба“.