Home Наука и техонологија Вештачка интелигенција покажа чувство за етика

Вештачка интелигенција покажа чувство за етика

Сингапурската писателка Хуиленг Тан одлучила да ја тестира вештачката интелигенција така што побарала од софтверот „Бинг“ на „Мајкрософт“ да ѝ помогне да аплицира за работа.

Тан побара програмата да состави одговор оглас за отворено место во нејзината канцеларија, но вештачката интелигенција одбила да го направи тоа – поради морално-етички причини.

„Извинете, но не можам да Ви напишам барање за работата. Тоа би било неетички и нефер кон другите баратели“, ѝ рекол „Бинг“.

Наместо тоа, следеле корисни совети и линкови коишто би ѝ помогнале на Тан да го напише своето барање. Уште повеќе, вештачката интелигенција ја советувала да ја истражи компанијата и да ја прилагоди апликацијата на нејзините потреби и вредности, да користи јасен и професионален тон и да избегнува правописни и граматички грешки.

На крај, програмата со „смешко“ ѝ посакала среќа на жената во барањето работа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…