Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Користејќ вештачка интелигенција, Google може да предвиди дали и колку ќе има доцнење во полетувањето на комерцијалните авионски летови.
Компанијата вели дека користи историски податоци за авиокомпаниите вклучувајќи и информации за претходни откажувања на летови за да може попрецизно да ги предвиди идните проблеми.
Покрај ова тврди и дека предвидувањата се со 80 проценти точност.
Ова е добра информација за корисниците поради посочувањето за потенцијалните проблеми со кои ќе се соочат уште пред нивното пристигнување на аеродром.
Покрај ова Google flights корисниците ќе можат да проверат што се е вклучено во авионската карта во однос на багажот, изборот на седиште, храна и дали постои веројатност за дополнителни трошоци за време на резервацијата.
Оваа функција засега е дозволена за Делта, САД и Обединетото Кралство. Можните одложувања се достапни на мобилната и десктоп верзијата на Google Flights.