Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Остатоците од кобниот автобус кој се преврте кај село Ласкарци – трагедија која резултираше со 14 мртви патници, се пренесени во касарната „Ѓорче Петров“, каде е отпочнато вештачењето на превозното средство кое ќе трае неколку дена, известуваат од Јавното обвинителство.
Во вчерашното соопштение од обвинителството известија декапрвичниот разговор со возачот не понудил релевантни информации. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, пак најави дека со него ќе биде извршен уште еден разговор во полициска станица.
За јавноста е познато само она што го раскажаа патниците во автобусот. Најрелеватно е можеби сведоштвото на патник кој се обидувал да му помогне на возачот во моментот кога приметил дека нешто не е во ред и дека возачот не успева да го држи правецот.