Вештачен Опелот од „Монструм“ – се потврди дека е истиот најден два дена по убиствата кај Смилковско езеро


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Огнен Ставрев и Осман Шабани, судии од скопскиот Кривичен суд, во придружба на обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од СЈО, денес извршија увид на автомобилот „опел омега“ за кој се смета дека бил употребен за бегство на осомничените во петкратниот масакр што се случи на 12 април 2012 година кај Смилковското езеро.

Се работи за повторена постапка, откако Врховниот суд „Монструм“ го врати на повторно судење, токму поради тоа што само МВР ги имаше видено автомобилот, а на странките во постапката им подели само фотографии. Пресудите за сите шестмина обвинети беа доживотен затвор.

Денешниот увид се изврши во депото на Агенцијата за управување со запленет имот, во близина на скопско Миладиновци.