Екстра

„Верувате дека Илон Маск пратил ракета во вселената? Вие сте овци!“

Помина една недела од влегувањето на SpaceX во историјата, со успешното лансирање на Falcon Heavy.

Нормално, интернет теоритичарите на завери не ја прифатија приказната како останатите „овци“. Но, тоа не е ниту изненадување затоа што Илон Маск изјави дека сето тоа делувало многу мажно.

„Знаете дека е реално, затоа што изгледа толку лажно. Би имале далеку подобри специјални ефекти ако го лажиравме ова“, гласеше изјавата на Илон.

И додека тој се зафркава, има и такви кои се сериозни. Воглавно, ова е сѐ што треба да знаете за летот на најмоќната ракета на светот.

 

Совршено убиство

Имаме ексцентричен милијардер кој пред самото лансирање изненадно вели дека ќе смести свое возило со кукла-астронаут. Никој во SpaceX наводно не го знаел планот пред Маск да го објави на Твитер.

Сумливо? Нормално. „Логичното“ прашање е: „Дали Маск изврши совршено убиство?“.

Станува збор за тоа што Маск, многу лесно би можел да смести леш во автомобилот и не само на возачкото место дури и во багажникот. Илон изјави дека астрономскиот костим нема сензори. Зошто? Не би имало повеќе смисла преку костимот да собираат повеќе информации? Нормално дека би имало, но Маск очигледно сака да прикрие дека убил човек и го пратил неговото тело во вселената.

Не се случило

Ако NASA го лажирала летот на Месечината, бидете сигурни дека тоа го има направено и Илон Маск. Сето ова го тврди CGI екипата на интернет.

Тие се уверени дека единствен доказ кој им е потребен е флешот кој ја разоткрива оваа проѕирна мамка во моментот кога автомобилот е пратен во вселената.

Илон, разотркиен си!

Земјата е рамна…Нормално.

Зошто ниту во еден момент во позадина не гледаме ѕвезди ниту сателити? Ха ? Зошто? Затоа што земјата е рамна, а сето ова е една голема местенка. Така барем тврдат „рамноземјаците“.

Одговорот е едноставен. Поголем број од сателитите не се поголеми од автомобил, и би било тешко да се забележи во универзумот. А поради светлината на земјата, тешко е да видите ѕвезди.

Но, рамноземјаците не паѓаат на тие евтини трикови.

А што е со автомобилот?

Ви треба конкретен доказ дека сето тоа е голема лага? Не барајте на друго место. Се работи за тоа дека Маск на конференцијата за новинари изјави дека Роадстер-от не е посебно модифициран. Е па гледате, тоа е проблем.

Металот во вселената поради директната изложеност од Сонцето би можел да се загреее дури до 260 степени. Тоа значи дека автомобилот брзо би се претворил во стопен метал.

Но, тоа би значело тоа кога теоретичарите на завери би знаеле повеќе освен кажување глупости. Челикот и железото се топат на температура многу поголема од 1000 степени што е далеку поголема од температурата на која ќе биде изложен автомобилот во вселената.

Кој го интересира за податоците?

Вонземјаните?

Нормално дека ги имало. Секако дека некој запазил НЛО за време на лансирањето, и сето тоа укажува дека се работело за вонземјани. Нормално, кога велиме „сето“, мислиме на „ништо“.

Да се вратиме накратко во светот на нормалните луѓе, најверојатно се работи за дронови кои биле таму поради сигурноста и новинарската желба за снимање на настанот.

Но, што снимила камерата во вселената?

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top