Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
61-годишниот возач на лимузина Мајк Хјуџис е еден од онаа не така мала група на „земјани“ кои веруваат дека нашата планета има форма на рамна плоча, ама разликата меѓу него и останатото мнозинство е во тоа што тој запнал да го докаже тоа тврдење. За таа цела, Мајк направи сопствена ракета и ја лансираше на преку 500 метри во воздух.
Слета во пустината Мохаве, а после прегледот од страна на докторите, утврдено е дека има само болки во грбот.
„Се чуствувам могу полесно сега. Ми беше доста од тоа дека сум се преправал и не сум ја направил ракетата. Уморен сум од тие работи, и затоа го направив тоа“, рекол тој по слетувањето.
Иако неговото лансирање било закажано за крај на минатата година, поради бројните дозволи, а и техничките проблеми, Хјуџис го одложувал својот лет се до неделата.
Хјуџис инаку е возач на лимузина. Неговата ракета полетала околу 15 часот, бидејќи ја достигна одредената висина и брзина, го отворил падобранот, и понатаму пребрзо паднал па го отворил и резервниот. Целото случување траело околу неколку минути.
„Верувам ли дека Земјата е рамна како фризби? Верувам дека е. Но го знам ли тоа? Не. Затоа и сакам да одам во вселената“, истакнал Хјуџис. Тоа е негов следен проект. Сака да направи нова ракета која ќе го однесе до атмосферата.
Ова е веќе втор пат да направи ракeта и да ја лансира. Прв пат тоа го направил во 2014 година, а за опорувањето од слетувањето му требало три дена.