ВЕРУВАЈТЕ: На овие места морате да имате секс барем еднаш во вашиот живот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Проширувањето на сексуалното искуство надвор од спалната соба може да ве доближи до партнерот, така може полесно да научи што ве возбудува, а може и да ви помогне да добиете поголема самодоверба, тврди сексуалната терапевтка Емили Мурс. Токму затоа ставете ги следните места на својата листа за сексуално експериментирање:

1. Во дворот на куќата

Препуштете се на страстите во дворот на својата куќа кое е скриено од разните погледи. Др. Мурс тврди дека тоа е одличен начин да имате секс на отворено, но без страв дека ќе бидете „фатени“. Ако се плашите да не дојдат соседите, во дворот можете да поставите шатор и така да внесете дополнителна доза забава во овој сексуален експеримент.

2. Во хотел

Хотелскиот секс е интересен затоа што не бара спремање и средување на просторот. Резервирајте во хотел, и цело време можете да водите љубов, појаснува познатиот сексолог. Препуштете се на играњето улоги, на пример, преправајте се дека сте двајца странци на одмор и така внесете дополнителна возбуда во вашиот секс. За оние кои се склони на авантури, др. Мурс препорачува и секс на балконот од хотелската соба во вечерните часови. Никој не ве познава, можете да уживате во погледот на градот во кој се наоѓате, а блиску сте до вашата соба.

3. Кај пријател

Оние кои пробале, се колнат дека сексот во станот на некој пријател е еден од највозбудливите сензуални авантури кои сте ги доживеале. Зошто? Затоа што ѕидовите се обично тенки, а вие мора да се трудите да бидете тивки за никој да не ве открие.

4. Во купатилото


Сексот во стоечка положба не е за вас, па не сакате да го испробате оној во туш кабината? Не го исфрлајте купатилото од вашите сексуални комбинации. Сексологот предлага да бидете креативни и во кадата. Тоа е многу посигурна варијанта од секс во базен, со оглед на тоа дека хлорот ја намалува делотворноста на перзервативот.

5. Пред огледалото

Ова е еден од наједноставните начини да внесете нова доза на страст во сексуалниот однос, иако некои жени не се чувствуваат сигурни кога нивото тело е изложено на поглед. Сепак, гледањето на себе и партнерот во текот на сексуалниот чин, а особено ако се наоѓате во доги положба, посебно е возбудливо искуство кое секој пар би требало да го искуси барем еднаш.

6. На заедничка забава


Без оглед дали станува збор за венчавка, забава или некоја друга средба, има нешто многу возбудливо во сексот на брзина со партнер во вакви околности, истакна др. Мурс. Побегнете во купатилото или некое друго место одалечено од остатокот на семејствотро и пријателите и препуштете се на страстите во максимално траење од 15 минути. Потоа вратете се меѓу пријателите, како да ништо не се случило.

7. Во автомобилот

Писателката на еротски романи, Сабрина Лејси призна дека автомобилот е едно од нејзините омилени места за секс на отворено. Таа препорачува автомобилот да го паркирате на некоја напуштена улица, да се префрлите на задното седиште и да уживате во возењето.