Верушевски и Заев повикани на распит во СЈО


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


СЈО ги повика премиерот Зоран Заев и поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски, во 14:30 да дадат исказ во врска со случајот „Таргет“, информираат од СЈО.

Овој случај на СЈО се однесува на незаконското следење на комуникациите од страна на Управата. Во врска со истиот, СЈО откри дека 5.817 телефонски броеви незаконски биле прислушувани од УБК во период од 2008 до 2015 година.

Специјалните обвинители сомничат поранешни и сегашни вработени во УБК дека ја злоупотребиле службената положба и незаконски прислушувале.